Дарио Ивановски победник на „Охрид трчаТ“

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски е победник на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на атлетската манифестација „Охрид трчаТ“, што денеска се одржа низ улиците на Охрид.
Ивановски патеката од 21 километар ја истрча за 1 час 10 минути и 46 секунди. Второпласиран беше Игор Трипуновски, додека третото место го освои Томаш Суњог од Унгарија.
Во женска конкуренција најбрза беше Греса Бакрачи од Косово, пред Биљана Кираџиева од Србија и Благица Јованова од Македонија.
Во штафетните трки на 21 километар кај мажите победи екипата „Korruners & Atomic“, кај жените триумфираше „Ем-Си Ран“, а во мешана конкуренција најбрза беше „Битола трча“.
Во трката на пет километри кај мажите победи Григоријан Никовски, а кај жените Матеја Ефремовска, додека во тимска конкуренција најуспешни беа „Ракометна школа Седмерец“ кај мажите и „3 Disciplines“ кај жените.
На јубилејното издание на манифестацијата имаше околу 2.700 учесници од 30 земји.
МИА
Ново на Сител
-

Верници и туристи воодушевени од раскошот на храмот „Св. Константин и Елена“
-

Психолозите предупредуваат: Промените на расположението на децата се аларм дека нешто се случува
-

Тема на денот со претседателот на РКЕ, Ацо Ристов
-

МВР со апел – заштитете ги децата од опасностите од насилната „764” онлајн група
-

Активисти од „Ниту една повеќе“ и граѓани блокираа пред Владата
-

Разликата меѓу синдикалната и владина октомвриска кошничка над 11.000 денари
-

Следната среда продолжение на надзорната расправа за Алта
-

Почна амандмантската расправа за Буџетот
