Дефиле во Струмица за промоција на хуманите вредности
Струмичани дефилираа за промоција на хуманите вредности. Над 200 граѓани на различна возраст предводени од волонтерите на црвениот крст преку дефиле низ централниот дел на градот пратија порака за соживот, толеранција и мир.
Дефилето е дел од програмата ,, Црвен крст во акција - Промоција на Хумани Вредности,, која претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во црвениот крст. Годинава програмата се реализира под мотото да пружиме рака секому, а активностите со младите се насочени кон поголема инклузија и прифаќање на лицата со телесен инвалидитет и интелектуална попреченост.
,, Суштината на таквите проекти е да ги поттикнуваме младите на соживот, интеркултурна размена на разбирање и како такви да бидат подобри учесници или сограѓани во самото општество и како такви истите и да го менуваат, секако на подобро.,, вели Маријана Тошева, Црвен Крст Струмица.
Преку оваа програма младите волонтери добиваат обука за вредностите на Црвениот крст, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество. во текот на овие обуки добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за доброто на заедницата во којашто живеат
,, Многу волонтери ми зборуваа колку е добро е чувството кога помагаш и учествуваш во ПХВ проектите па затоа имав голема желба да дојдат трите обуки на кои што учествував јас и најголем мотив да учествувам во ПХВ проектите беше со моите мали проекти да помогнам на некои луѓе на кои што навистина им треба помош. Вели Димитар Спасов, волонтер во Црвен Крст.
Во текот на циклусот 2019 година обуката за ПХВ проекти ја имаат поминато 1100 младинци кои изработиле 150 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнале и поддржале околу 3.800 лица од различни ранливи категории, вложувајќи околу 34.000 волонтерски часови.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
