Дејан Јованов излегува од притвор

Во сабота, Дејан Јованов Деко, првообвинет за смртта на 63 лица во дискотеката Пулс излегува од притвор. Судот на 3 октомври ќе одлучи какви мерки ќе донесе за обезбедување на неговото присуство на рочиштата.
Неговата одбрата најави дека ќе поднесе гаранција во имот од околу 200.000 евра, за јавноста да биде уверена дека тој нема да избега од Македонија, иако таа не е задолжителна, бидејќи законски Јованов максимумот што може да седи во притвор е една година која истекува за три дена. Списите за гаранцијата се уште се во Јавното обвинителство на мислење, а без да бидат вратени во Кривичен, судот не може да одлучи по гаранцијата.
За судскиот процес Пулс, досега се одржани 49 рочишта и ниту едно не е одложено, информираа од Кривичниот суд. Изведени се над 1300 материјални докази и 45 сведоци.
Утре судскиот процес продолжува во нова фаза, со изведување докази на одбраната. За таа цел ќе сведочат дури 244 сведоци.
Ново на Сител
-

Интензивно се работи на автопатот Охрид-Кичево
-

Преглед на вестите од светот
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
