Демократски сојуз: Минимална пензија од 300 евра
Демократскиот сојуз предлага минималната пензија да изнесува 300 евра, но тоа да значи и скалестo усогласување на износите на сите пензии.
Кога предлагавме минимална плата од триста евра и покрај отпорите сепак се прифати, но без да се усогласат другите плати врз основа на минималната, при што се случија апсурдни состојби. Тие што веќе имаа 18000 денари плата, со повисок степен на образование и извршуваа посложени работни задачи, да примаат минимална плата.
Затоа Владата треба да го прифати предлогот за минимална пензија, но да направи усогласување на износите на повисоките пензии земајќи ја како основа минималната пензија.
Минимална пензија од 300 евра и линеарно зголемување на пензиите се оправдани и издржани барања на пензионерите, а стабилноста на пензискиот фонд зависи од растот на економијата, ефикасна борба против криминалот и сивата економија, како и реализирање на капиталните инвестиции.
Само со средствата од нереализирани проекти што ги плаќа Владата, може да се покријат потребите на пензионерите.
ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ
Ново на Сител
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Низа настани за одбележување на 75-годишнината на Државниот архив
-

Дизелот поскапува, бензинот БС-95 поевтинува: Нови цени од полноќ
-

Нова сесија од стратешкиот дијалог со САД
-

Подгответе се за долги редици на граничните премини со ЕУ, од петок стартува новиот систем
-

Студентите албанци на протест: Бараат полагање на правосуден испит и на албански јазик
-

Јавна расправа за Совет на обвинителите
-

Сведоци за „Пулс“ ќе се носат со полиција ако не дојдат на судење
