Денеска многу топло, до 41 степен, надлежните препорачуваат мерки за заштита
Топлотниот бран што ја зафати земјава и денеска носи многу високи температути кои ќе достигнат до 41 степен. Ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 41 степен.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 41 степен.
Поради високите температури од вчера е активирана фазата 3 од Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови, а Владата донесе препораки за заштита на населението.
- Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години, што не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија), одложување на работниот процес од 11 до 17 часот за работници изложени на директна топлина, работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо, обезбедување микроклиматски услови за работа од страна на работодавачите согласно акцискиот план односно простории со температура до 25 степени Целзиусови, освен таму каде природата на работниот процес налага поинаку, активирање планови за вонредни услови, и сите здравствени установи, установи за згрижување на стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба, се владините препораките кои ќе траат до 8 јули.
Мерките имаат цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност, посочуваат од Министерството за здравство и додаваат дека заедно со сите надлежни институции ќе продолжат со редовно информирање и спроведување на мерките, со цел заштита на здравјето на граѓаните.
Со почетокот на летото и летните горештини здравствените работници советуваат граѓаните да бидат внимателни и да се заштиттат од силните сончеви зраци. Да не се излегува надвор без потреба во
Топлотниот бран што ја зафати земјава, според УХМР, ќе трае до средината на наредната седмица. Ќе биде многу топло со дневна температура која насекаде ќе биде над 30 степени, а наместа ќе надминува и 40 степени.
Во недела во попладневните и вечерните часови ќе има услови за локална нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи.
Освежување се очекува од среда кога ќе дува засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на дневната температура.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри
-
Во националниот парк Шар Планина најдени незаконски исечени букови дрва за огрев
-
Коцевски: Нема политичко влијание врз мојата работа, но Обвинителството се соочува со сериозни предизвици
-
Јамал под истрага за роденденската забава
-
Заради обезбедување докази за бесправна градба полицијата влегла во општините Чаир, Сарај, Аеродром и Кисела Вода