Десет мртви и 27 повредени во оружен напад во средно училиште во Британска Колумбија, Канада

Во вооружен напад во средното училиште во градот Тамблер Риџ, во Британска Колумбија, во Канада, убиени се десет лица, вклучувајќи го и напаѓачот – објавија властите.
„Би-би-си“ јави дека пукањето се случило околу 13.20 часот по локално време.
Полицијата пронашла шест мртви лица во училиштето, додека седмиот починал на пат кон болницата, а две лица биле пронајдени без знаци на живот во куќа во близина на училиштето.
Полицијата верува дека двата смртни случаи во куќата се поврзани со инцидентот во училиштето.
Напаѓачот, исто така, бил пронајден мртов, а полицијата верува дека смртоносните повреди самиот си ги нанел.
Шефот на полицијата Кен Флојд изјави дека 25 лица се здобиле со полесни повреди, а две лица се здобиле со сериозни повреди.
Во безбедносното предупредување испратено за време на нападот, осомничениот е идентификуван како „женско лице во фустан, со кафена коса“.
Официјалните лица велат дека го знаат идентитетот на напаѓачот, но досега не го објавиле името или полот.
Полицијата сè уште не го идентификувала видот на оружјето што е употребено во нападот, ниту возраста на жртвите.
Премиерот на Британска Колумбија, Дејвид Аби, на прес-конференција изјави дека полицијата пристигнала на местото на нападот две минути по повикот, со што спречила оваа ужасна трагедија да стане уште полоша.
Во училишниот комплекс се наоѓаат основно и средно училиште, од кои се евакуирани околу 1.000 ученици и наставници.
Градот Тамблер Риџ, со околу 2.400 жители, е оддалечен околу 1.200 км од Ванкувер и е близу до границата со Алберта.
МИА
Ново на Сител
-

ССМ утре продолжува со блокадите
-

Реална училишна компанија, од клупа на практична работа
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
