Дете на ИСИС ги отсекува рацете и главата на шпион и со тоа испраќа порака до непријателите на ИСИС

Исламската држава објавила шокантна снимка на која се гледаат две маскирани деца, кои присуствуваат на погубувањето на осудениот "шпион" од Авганистан.

ИСИС објавила едно од најѕверските видеа досега - на кое се гледа дете, не постаро од 10 години, како стои на отсечена глава и се заканува со смрт за сите шпиони и непријатели на џихадистите.
Две маскирани деца присуствувале на погубувањето на наводниот шпион.

Веднаш после тоа двете деца му ги отсекуваат рацете со големи мачети.
Постарото дете потоа му ја отсекло главата на заробеникот со ловечки нож, а помладото застанало на отсечената глава и го започнало научениот говор.

Новата жртва на ИСИС, по мислењето на џихадистите, бил американски шпион, а младите "џелати" или "Деца на Калифатот", наводно се сирачиња, чии родители биле убиени во воздушни напади, пишува Daily Mail.

Шпиониот бил обвинет дека пренесувал информации до пакистанските и американските сили во Авганистан.
Ново на Сител
-

Муцунски: Отпорност не значи изолација
-

Јаневска: Инвестираме во лицата со попреченост
-

Преглед на вестите од светот
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
