Македонија
4. January 2026 - 16:39

Дежурните служби во Скопје полни со болни пациенти

Главоболка, малаксаност, кашлица, волка во грло и тело и висока фебрилност се најчестите симпотми со кои пациенти викендот бараат лекарска помош. Не само во клиниките и болниците туку големи гужви има и во дежурните служби во Скопје. Во пунктот во Ѓорче Петров за неполни 24 часа имаат повеќе од 100 прегледи – од возрасни кои веќе имаат хронични заболувања до деца кои се најмногу на удар на грипот и респираторните инфекции.

- Некогаш пациентите ќе дојдат во поодминат период, кога навистина, да ќе бидат прегледани но ќе бидат испратени во соодветна установа. Во зависност од клиничката слика и доколку амбулантското лекување не им помага и не е доволно ги препраќаме на доиследување во терциерна установа, вели д-р Каролина Ристова Стефановска, раководител на превентивна заштита во Здравствен дом Скопје. 

Доктор Стефановска вели дека големи гужви има и во педијатрискиот пункт на Бит Пазар каде доаѓаат деца со високи температури а дел од нив ги препраќаат во Детска клиника и во Козле. Речиси докторите се едногласни за сегашната сезона на грип според кои вирусот многу брзо се шири и има  потешка клиничка слика.

-Повеќе групирања, децата сега не се во училиште и грипот се шири и тоа многу. Затоа еден апел, не само до родителите туку и до повозрасните да избегнуваат затворени простории и доколк усе во можност да одат на планина и на места каде воздухот е почист, вели д-р Ристова Стефановска. 

Според последниот извештај на ИЈЗ имаме зголемување на случаите со грип и заболувања сличи на грипот, но засега нема препораки од надлежните да има забрана за посети во болниците.

Епидемиолозите веќе предупредија дека грипот ќе земе замав по новогодишните и божиќни празници. Во нашето соседство пак веќе регистрираат рапидно зголемување на заболените. Во Србија најмногу регистиррани случаи имаат кај деца а слична е состојбата и во Хрватска. 

Во Њујорк имаат пријавено рекорден број на хоспитализации а американските центри за контрола и превенција проценуваат дека повеќе од 3000 лица починале од грип.