-->
-->
ДИК на седница усвои барање за акредитација за набљудувачи на изборите во Брвеница
-->

Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на 25. седница го усвои барањето од Здружението за развој на општествено-социјални иновации „Вејкап“ (Wake Up) – Скопје за добивање акредитација за набљудувачи на вториот круг од изборите в недела за градоначаланик на општина Брвеница.
Ова беше единствена точка на дневниот ред на седницата, на која претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, рече дека барањето стигнало во меѓувреме, по завршувањето на вчерашната седница на Комисијата.
В недела, 1 ноември 2026, во Општина Брвеница ќе се одржи вториот круг од предвремените избори за градоначалник, на кои во трка ќе бидат Стојанчо Радичевски од коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, и Аркин Јахији од Националната алијанса за интеграција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Владата го усвои предлог буџетот за 2027 година
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Ден Дончев недостапен, на останатите одземени пасошите за милионските злоупотреби со фондот и приватна очна болница
-

Македонија во фокусот на единствената претседателска дебата во Бугарија
-

Обвинетиот за потпалување на колите на бугарската амбасада призна вина
-

Мицкоски: Граѓаните сами ќе избираат дали ќе уплаќаат и во вториот задолжителен пензиски фонд
-

Македонската економија пораснала за 3,8%
