Димитриеска-Кочоска: Проектот за пругата од Коридорот 10 е комплексен, до 7 јули банките треба да ги достават понудите

До овој момент нема пристигнато понуда за изградба на брзата пруга од Коридорот 10 бидејќи целиот проект е комплексен и на банките им треба време да може да ги анализираат сите работи, изјави денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
На прес-конференција во Владата, каде даде отчет за сработеното во првата година од Владата, министерката рече дека рокот за достава на понудите е 7 јули кога ќе се знаат повеќе детали.
- Интересот е многу голем. Ние пуштивме барање за понуда до 22 институции, а дополнително ни се јавија уште две кои побараа да пуштиме понуди до нив. Нормално дека во интерес на државата треба да обезбедиме понуди и што е можно пониска цена за железничката пруга така што пуштивме дополнително барање и до тие две институции. Има многу прашања и заради тоа го продолживме рокот до 7 јули. Станува збор за комплексен проект и мора да ги разбереме и банките дека имаат потреба од појаснувања. Во постојана комуникација сме, истакна Димитриеска-Кочоска.
Министервото за финансии има испратено барање за понуди до 24 банки за изградба на брзата пруга долж Коридорот 10.
Ново на Сител
-

Како да се заштитат жртвите на семејно насилство?
-

Вајц: Не може да се оди напред кон ЕУ без уставни измени
-

Само 8% од Ромките се вработени, но многу мал број пријавуваат дискриминација
-

Над 200 корисници преку проектот ТРАНСАКТ добиле бесплатни интегрирани социјални услуги и здравствени услуги
-

Штип очекува 1 милиони евра од данок на имот за 2026-та
-

Преглед на вестите од светот
-

Евакуација на македонските граѓани
-

Водата во Струга и натаму не е безбедна за пиење
