Димитриевски: Со Бугарија ќе разговараме, но од македонскиот идентитет не отстапуваме

Движењето ЗНАМ одржа средба со граѓаните на Гостивар, на која под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“ беа презентирани резултатите од досегашната работа. Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, во обраќањето пред сопартијците се осврна на сработеното и резултати од капиталните проекти, зголемувањето на платите и економскиот стандард и европската интеграција.
Тој посочи дека отчетот најдобро се мери преку конкретните проекти што се реализираат низ општините.
- Во изминатиот период поддржани се повеќе од 1.200 проекти во општините, од кои дел веќе се завршени, а дел се во реализација. Тоа се улици, водоводи, канализации, училишта, спортски објекти и друга инфраструктура, рече Димитриевски.
Тој се осврна и на мерките за подобрување на животниот стандард, нагласувајќи дека растот на економијата мора да се почувствува директно кај граѓаните. Говорејќи за европската интеграција и односите со Република Бугарија, Димитриевски кажа дека Македонија има јасна европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Тој нагласи дека ЗНАМ ја поддржува иницијативата за средба и разговор со бугарската страна, но дека Македонија повеќе нема да дозволи билатералните прашања да се претвораат во услови за нејзината европска иднина.
- Ние сме за разговор, за средба и за добрососедски односи со Бугарија. Но, да бидеме јасни, за идентитетот, јазикот и културата на македонскиот народ нема да преговараме. Претходната власт дозволи едно билатерално прашање да биде внесено во европскиот процес и од билатерален проблем да стане европско прашање. Денес поради таквите одлуки сите ја плаќаме цената. Ние нема да ја повторуваме таа грешка. Македонија ќе оди кон Европската Унија, но во Европа ќе влеземе како Македонци, со македонски јазик, македонска култура и сопствен национален идентитет, рече Димитриевски
Пред гостиварци зборуваше и пратеникот Павле Арсоски. Тој се осврна на актуелните политички процеси и работата во Собранието. Поранешниот министер за правда Игор Филков, во обраќањето ги посочи реформите во правосудството и владеењето на правото. Обраќање имаше и заменик-министерот за дигитална трансформација Радислав Настасијевиќ Варџиски, кој говореше за процесите и реформите во дигиталната трансформација на јавните услуги.
MИА
Ново на Сител
-

Teма на денот со Стојанче Ангелов
-

Експертите сугерираат: Да не се кратат капиталните расходи, да се зголеми наплатата на приходи
-

Проф. Атанасовски: Тоа не се коски на цар Самуил, па глупост е дека тој се враќа во Бугарија, кога таму никогаш и не бил
-

МПЦ слави празник на сите македонски светители и 40 години јубилеј од Архиерејската служба на поглаварот г.г Стефан
-

„Розев пикник појадок“ за кревање на свеста за ракот на дојка
-

Постојаните осцилации на езерото негативни за живиот свет
-

165 шумски пожари годинава, штетите проценети на 10 милиони евра
-

Каранфилова Пановска: Бараме дополнителни 10 денари за килограм ориз
