Доналд Трамп најави правни мерки против автори на филм за неговиот живот
Новиот филм за Доналд Трамп, „Приправник“ (The Apprentice) вчера ја имаше својата светска премиера на Канскиот филмски фестивал, привлекувајќи главно добри оценки од критичарите, но и закани за правни последици од поранешниот претседател на САД.
Филмот е издаден додека судењето на Трамп во Њујорк сѐ уште трае, како и во пресрет на претседателски избори во САД во ноември. Насловот за филмот е преземен од натпреварувачкото бизнис-реално шоу на Трамп, додека тој беше познато ТВ-лице, но приказната почнува во 1980-тите.
Авторот - иранско-данскиот режисер Али Абаси претставува неколку брутални настани што наводно се случиле зад затворени врати. Во една од сцените, Трамп ја силува Ивана. Директорот за комуникации на кампањата на Трамп, Стивен Чеунг изјави дека ќе бидат преземени правни дејствија за „лажните тврдења“ од филмаџиите.
- Ова ѓубре е чиста фикција којашто ги сензационализира лагите што одамна се разоткриени. Ова е мешање во изборите од страна на холивудските елити, кои знаат дека претседателот Трамп повторно ќе ја преземе Белата куќа и ќе го победи нивниот избраник бидејќи ништо што тие направиле - не функционирало, нагласи Чеунг.
Како одговор, Абаси рече пред новинарите во Кан: - Тимот на Доналд треба да почека, прво нека го погледнат филмот пред да почнат да нѐ тужат.
Премиерата на „Приправник“ на францускиот Филмски фестивал се одржа во денови кога на Трамп сѐ уште му се суди на Менхетен. Тој, патем, одрече дека фалсификувал извештаи за да ја прикрие исплатата кон порноѕвездата Сторми Даниелс во врска со наводните сексуални средби.
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
