Двајца браќа го попречиле патот на комбе во кое се превезувало семејство - им го скршиле стаклото и ги нападнале

Основното јавно обвинителство Струга поведе постапка против двајца браќа од струшко, осомничени за кривично дело - насилство.
Како што информира Јавното обвинителство, двајцата браќа, по потекло од струшко, а со привремено живеалиште во Швајцарија, на 30 јули на локалниот пат меѓу селата Горно Татеши и Добовјани, со автомобил со швајцарски регистарски ознаки го попречиле патот на струшко комбе во кое се превезувало семејство – маж, жена и две малолетни деца.
-Веднаш започнале да се закануваат и агресивно да се однесуваат, излегле од автомобилот и се упатиле кон возачот на комбето. Со сила го повлекле подотвореното стакло на возачката врата и го скршиле. Парчиња од стаклото ја расекле по раката жената која излегла од комбето во обид да ја смири ситуацијата. Дополнително, осомничените и нанеле и телесни повреди со удари со боксови и клоци по главата и телото. Си заминале откако жената се заканила дека ќе повика полиција, се наведува во соопштението.
Поради опасност од бегство, особено имајќи предвид дека двајцата имаат привремено престојувалиште во странство, а исто така и поради ризикот и изложеноста на оштетеното семејство повторно да им биде загрозена сигурноста, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор за осомничените браќа, со цел да го обезбеди нивното присуство во текот на постапката и да спречи повторување на насилството.
МИА
Ново на Сител
-

Бирото за образование анализираше колку основците во Македонија се финансиски (не)писмени
-

Војната на Блискиот Исток влезе во 14 ден
-

Трендафилов: Утре протест на ССМ
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го контролира ССМ
-

СДСМ: Божиновска била управител во фирма за трговија со струја
-

Јаневска: Законот за високо образование наскоро во владина процедура
-

Сточарите бараат итна исплата на заостанатите субвенции
-

Раст од 6,2% на бројот на туристи во јануари
