Двајца малолетници тешко повредени во сообраќајни незгоди

Вчера на улицата „Ќемал Сејфула“ во Скопје, патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Ф.(21) од селото Љуботен, скопско, удрило во велосипед управуван од малолетник од Скопје.
Како што информираат од МВР во несреќата младиот скопјанец се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Воедно, вчера во 19 часот било пријавено дека во Битола, на крстосницата од улица „Методија Андонов Ченто“ и улица „Васил Главинов“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода кодијак“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ј.С.(42) од Битола и мопед „јамаха“, без регистарски таблички, управуван од малолетник од Битола.
Во несреќата возачот на мопедот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Ново на Сител
-

Повисока минимална плата ќе значи повисока инфлација
-

Приватна институција ќе ги утврдува причините за загадената вода во Струга
-

Ревитализација на бања во с. Бања високо на агендата на О. Чешиново-Облешево
-

Младите и социјалните мрежи
-

Преглед на вестите од светот
-

Германскиот канцелар Мерц со порака до земјите кандидати за ЕУ – Не сакам да ве изгубам, Македонија бара достоинствен процес за влез
-

Тема на денот со Благоја Пандовски, претседател на Транспаренси Интернешнл Македонија
-

Што ќе донесе договорот меѓу САД и Македонија?
