Две и пол години затвор за Цуна, кој преку прозорец избега од полициска станица во Кочани
Александар Лазаров, познат во јавноста под прекарот Цуна, е осуден на затворска казна од две години и шест месеци, откако ја признал вината за кривично дело поврзано со наркотични дроги, објави „Скопје1“.
Пресудата е донесена во Основниот суд во Кочани, а казната ја изрекла судијката Катерина Цоневска, која при одлучувањето ги разгледала сите олеснителни и отежителни околности.
Лазаров бил обвинет за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, согласно член 215 од Кривичниот законик. Судот одлучил да му го продолжи притворот сè до правосилноста на пресудата.
Тој го привлече вниманието на јавноста пред околу четири месеци, кога успеа да избега од полициската станица во Кочани преку прозорец, откако претходно бил приведен поради сомневања за поврзаност со дрога.
Неговото бегство предизвика голем интерес во јавноста, по што надлежните институции презедоа активности во врска со случајот.
Ново на Сител
-

Документарниот филм „Водениот рај на Европа“ отвара прашања колку знаеме за нашето богатство
-

Со доживотно учење до поголема конкурентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре продолжува Надзорната комисија за Алта Банка
-

Тема на денот со Тодор Конески, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Ученик со пушка рани две лица во училиште во Крагуевац
-

Партиски консензус за борба против насилството
-

СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Трајко Славески
