Џејсон Кид стана косопственик на Евертон
Легендарниот американски кошаркар и актуелен тренер на НБА тимот Далас, Џејсон Кид, стана еден од косопствениците на англискиот премиерлигаш Евертон.
Кид се приклучи на компанијата Roundhouse Capital Holdings, која е дел од групацијата Friedkin која го купи Евертон во декември лани.
„Чест ми е што се приклучив на сопственичката структура на Евертон во толку важен момент кога на повидок е нов стадион. Со светла иднина пред нас, ова е одлично време да се придружиме“, изјави Кид.
Во текот на својата играчка кариера, Кид беше една од најдобрите асистенти во лигата, десет пати настапи на Ол-стар натпреварот, во колекцијата има два златни олимписки медали, а во 2011 година со Далас ја освои шампионската титула во НБА лигата.
Евертон во моментов се наоѓа на 13 место на табелата во Премиер лигата и поголемиот дел од оваа сезона, како и претходните две, го помина во борба за опстанок, но доаѓањето на новите сопственици и најавената преселба на новиот стадион со 52.888 седишта на Брамли-Мур Док им даваат на навивачите причина за оптимизам пред следната сезона.
Ново на Сител
-
Тошковски: МВР издаде пасош за Јахоски по одлука на судот
-
50 години Институт за безбедност, одбрана и мир
-
Дел од синдикатите на средба со претседателот на Комисијата за економски прашања
-
Банско криe богата средновековна историја
-
Преглед на вестите од светот
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник