-->
-->
Џенифер Лопез и Бен Афлек стапија во брак
-->

Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа во саботата во американската сојузна држава Невада, објавија западните медиуми.
Тие двајцата се запознале во 2002 година на снимањето на филмот „Џигли“, инаку сметан за доста неуспешен. Нивната прва врска беше будно следена од папараците. Нивниот брак, планиран за 2003. беше одложен, пред да ја објават нивната разделба во 2004 година.
Актерската двојка го кажале судбоносното „да“ во Округот Кларк, каде што се наоѓа градот Лас Вегас.
Лопез зад себе има три брака. Таа беше мажена и со Латино пејачот Марк Ентони, со кој има близнаци. Афлек беше во брак со глумицата Џенифер Гарнер, со која има три деца.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

МОН не е надлежно за случајот на Филозофскиот факултет - дали ќе има истрага?
-

Филипче: Градоначалникот на Крива Паланка мора да го слуша гласот на граѓаните
-

Квалитетна јавна служба, предуслов за членство во ЕУ
-

Преглед на вестите од светот
-

Укинувањето на Пржинската влада во Собрание
-

Асанов негира вина, обвинителството бара осуда за фемицид
-

Сведок: Пиротехниката ја местеа пред нас
-

Јаневска: Комплицирано е на Филозофски
