Џони Деп доби отштета од 10,35 милиони долари
По три дена расудување, поротата утврди дека Амбер Херд дала клеветнички изјави за Џони Деп со пишувањето авторски текст за наводно преживеаното сексуално и семејно насилство.
Хард, која исто така поднесе противтужби за клевета, доби само една од трите ставки против глумецот. Обајцата се обвинија меѓусебно за злоупотреба и нанесување штета на кариерата. Таа, облечена во црно, во Судот во Калфорнија ја слушна пресудата, додека Деп бил во Велика Британија.
– За разочарувањето што го чувствувам денеска, нема зборови. Скршена сум што планината докази не беа доволни за да се спротивставам на непропорционалната моќ, влијание и маневрите на мојот поранешен сопруг, изјави Хард потоа.
Деп, иако побара 50 милиони долари, ќе добие 10 милиони долари за компензаторна штета и 350.000 казнена отштета. Хард добива два милиони долари за компензаторна штета, но не и казнена отштета.
Ново на Сител
-
Пуштен првиот од петте заглавени базени
-
Општина Аеродром ќе добие мултимедијален центар со кино сала за околу 250 посетители
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Добро се справуваме со пожарите
-
Инсекти тврдокрилци се преносители на пожарите на Серта
-
ДУИ: Бројот на советници во општините да се врати на старо
-
Нов мултифункционален центар во Аеродром
-
Нов базен во Кисела Вода