Едно лице загина, шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија

Едно лице загина, а шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во холандската покраина Фрисланд, објавија медиумите, повикувајќи се на регионалните служби за итни случаи.
Според нив, инцидентот се случил вчера на поле во близина на селото Де Хеве околу 21 часот по локално време. Според Кралското холандско воздухопловно здружение, балонот нагло се спуштил за време на пристапот кон слетувањето поради силен налет на ветер, како резултат на што кошот почнал да отскокнува и пет лица испаднале од него. Повредените се однесени во болници.
Во времето на инцидентот на балонот имало 34 лица.
На местото на инцидентот биле испратени два хеликоптери за воздушна амбуланта, 14 амбулантни возила, мобилен медицински тим и тим за итни случаи на Црвениот крст. Околностите на несреќата ги истражува воздухопловната полиција.
МИА
Ново на Сител
-

Вратени иселенеци на форум во Влада - И Македонија може да биде „ветената земја“
-

Паркингот на Клинички стана сопственост на државата, а ќе го управува „Градски паркинг“ - Ќе се реши ли хаосот?
-

100 возила за Пошта
-

ВМРО-ДПМНЕ: Заев гради зграда на 40 спрата во Дубаи - Филипче си купил стан
-

Свлечиштето кај депонијата Мегленци ги вознемири жителите: Има ли опасност од ново?
-

Преглед на вестите од светот
-

Избор на нови министри во Собранието
-

Одложена седницата на Судскиот совет
