ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ
Европската комисија демантираше дека српскиот претседател Александар Вучиќ имал „долг разговор“ со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во Севиља, јавија белградските медиуми.
„Претседателката фон дер Лајен имаше попатен разговор со претседателот Вучиќ во салонот пред службена вечера во Севиља“, изјави портпаролот на ЕУ, Стефан де Керсмакер, одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на Вучиќ за средбата и тврдењето дека „тие никогаш не разговарале за билатерална соработка толку долго“.
„Таа имаше можност да размени неколку зборови со многу лидери за време на тој настан, вклучувајќи го и претседателот Вучиќ. Значи, тоа не беше официјална билатерална средба“, изјави портпаролката на Европската комисија
Дел од српските медиуми вчера ги објавија зборовите на Вучиќ од Севиља дека тој „имал долг разговор со Урсула фон дер Лајен, 30 минути“.
Ново на Сител
-
Почна расправата за ребалансот на Буџетот
-
Мицкоски: Се бориме да го вратиме тоа што го продаде опозцијата
-
Бизнис форум Македонија - Италија
-
Лимани: Демографијата е клучен приоритет на владата
-
Со вештачки мрест до подобрување на состојбата со рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Планот за раст е алатка каде реформата значи награда, порача министерот Муцунски
-
Teма на денот со Орхан Муртезани, министер за европски прашања