Македонија
6. March 2023 - 12:30

Еко активистите од Кочани бараат нови мерни станици

Екологистите и граѓанските активисти од Кочани, бараат во најбрз можен рок да бидат поставени уште најмалку две мерни станици, со кои попрецизно ќе се детектираат главните загадувачи на воздухот во градот. Постојната мерна станица е недоволна за да ја прикаже реалната слика со аерозагадувањето. Кочанските советници донесоа одлука за поставување на мерни станици.

  • Ние секако подржуваме да тоа биде што побргу, зашто кога ќе знаат загадувачите дека има мерни станици ќе се воздржуваат од некакви инциденти или да робаат да ги ескивираат законските норми- изјави Горан Тодоров „Здрав живот“-Кочани.

Градоналникот Љупчо Папазов информираше дека е завршена јавната набавка за поставување на една мерна станица на општинската зграда. Активистите бараат и поголема ажурност од инспекторите на терен и почитување на препораките дадени од нивна страна. Фабриката за хартија е казнета заради зголемена емисија на ПМ честички преку фабричкиот оџак.

  • Мислам дека им е пишана парична казна и дека имаат забрана за работа на  пелети. Се надевам дека се придржуват кон забраната, но сепак инспекторите треба да дојдат и да го проверат тоа, додаде Тодоров

Тодоров додаде дека со години се соочуваат и со проблемот на палењето на стрништата на оризовите полиња, кое е уште еден дополнителен фактор кој влијае на квалитетот на воздухот во општината. Понудени се и неколку еколошки решенија за справување со оризовата слама, но останува надлежните институции да започнат да ги спроведуваат на дело.