Бизнис
11. July 2023 - 16:37

Експертите предупредуваат: Покачувањето плати е добро, но дали во буџетот има пари за сите

Внимателно со покачувањата на платите, алармираат експертите. Постигнатиот договор меѓу Синдикатот и Владата за зголемување на платите на административците за 10 отсто од септември е добар и ќе го подобри стандардот на вработените во јавниот сектор, но препорачуваат, државата да не се расфрла со  пари од буџетот, ако ги нема. Цехот на крај ќе го пллатат сите граѓани – преку повисоки даноци

- Дали ова зголемување е одржливо е нема да предизвика реперкусии на среден рок? Зголемување на цените, потреба од згоелмување на даноците и другите давачки и сепак стандардот на граѓаните ќе си остане на исто ниво. Значи, платите треба да се зголемат за да се подобри стандардот на граѓаните, но само чекор по чекор и внимателно, изјави Борче Треновски, универзитетски професот.

Колку ќе го чини буџетот покачувањето за платите на 130 илјади административци, заедно со регресот за годишен одмор од 10 илјади денари, се уште нема бројка. Пресметките се прават, а пари ќе се бараат со ребалансот во септември.

- Се зголемуваат платите на гломазна, преобемна администрација, која требаше да се намали за 20%. Сега, бројките остамнаа исти, а да се намалеше, природно ќе беше да се покачат нивните плати, без зафаќања од буџетот, за кој не знаемее во каква кондиција е, додава Треновски.

Зголемување на платите од 10 осто ќе добијат и вработените во УЈП и Царина. Но, со овај процент не се согалсуваат. Од УЈП велат - ни следува 30% покачување и отстапки нема. Ако до вторник нема договор – стапуваат во генерален штрајк.

- Помирувачот заклучоците до Министерство за труд треба да го достави до петок, и таму е наведено дека е основано нашето барања за зголемување на платите за процентот кој го баравме, Васе Неданоски, Синдикат.

И од Синдикатот на Царина си го бараат дадаотокот на плата од 30 осто. Преговорите се во тек и очекуваат некаков исход веќе следната недела.