Емине Ердоган ја повика Меланија Трамп да изрази сочувство и за децата во Појасот Газа
Првата дама на Турција, Емине Ердоган испрати писмо до сопругата на американскиот претседател Меланија Трамп во кое бара таа да заложи и да покаже исто сочувство кон децата и цивилите во Појасот Газа, како што покажа кон жртвите од војната во Украина.
Емине Ердоган бара од Меланија Трамп да стапи во контакт со премиерот на Израел и да се заземе за децата во Појасот Газа.
Меланија Трамп претходно испрати писмо до рускиот претседател Владимир Путин во кое изрази загриженост за киднапираните украински деца.
-Верувам дека големата чувствителност што ја покажавте кон 648 украински деца … ќе биде покажана и за Газа, наведува Емине во писмото додавајќи оти во Појасот Газа за две години загинале повеќе од 62.000 цивили од кои 18.000 деца.
Таа во писмото наведува дека во Појасот Газа не се случува само геноцид, туку и неправда во меѓународниот поредок, кој ги цени животите на некои луѓе повеќе од другите.
-Како мајка, жена и човечко суштество, длабоко сочувствувам со емоциите што ги изразивте во вашето писмо. Се надевам дека ќе имате иста надеж за децата од Газа, истакнува Емине Ердоган.
Белата куќа сè уште не го коментирала писмото на првата дама на Турција.
МИА
Ново на Сител
-
Продолжува негативниот тренд на намалување на бројот на првачиња
-
Само една компанија се јави на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор
-
Странски кардиохирурзи и кардиолози ќе ги проверуваат наводите на Сашко Кедев
-
Жените жртви на семејно насилство не добиваат соодветна заштита од институциите, вели ДЗР