Енрике: Целта на ПСЖ е директен пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите

Пред натпреварот од осмото коло на Лигата на шампионите против Њукасл, тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, истакна дека парискиот тим сака да биде во првите осум.
-Лигата на шампионите е важно натпреварување за нас, клубот и нашите навивачи. Нашата цел е да се пласираме во осминафиналето. За да го направиме тоа, ПСЖ мора да победи многу тежок противник. Тие имаат сосема поинаков стил на игра. Тие се храбар и силен тим со многу одлични играчи. Добро го познаваме Њукасл, играјќи против нив во последните години. Имаме многу тежок натпревар пред нас. Сите играчи на ПСЖ се во одлична форма. Лигата на шампионите е најдобриот лек. Нема потреба да се доведува во прашање, бидејќи сите ќе кажат дека се 100 проценти подготвени. Овој турнир е огромен извор на мотивација, изјави Енрике за сајтот на УЕФА.
Натпреварот ПСЖ - Њукасл ќе се игра на стадионот „Парк де Принс“ во Париз вечер со почеток во 21 часот. Пари Сен Жермен по седум кола има 13 бода и е на 6 место, Њукасл исто така собра 13 бода за во моментов да е на седма позиција.
МИА
Ново на Сител
-

Респираторните инфекции ги полнат педијатриските оддели
-

20 години архипастирска служба на владиката Иларион
-

Во Прилеп има само 26 легални такси возила, над 150 се диви таксисти – донесена нова одлука за регулација на дејноста
-

Туристичките водичи да ги прошируваат понудите
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Дарко Аврамовски - коалиција „Сите за правично судење“
-

Утре Брвеница бира нов градоначалник
-

Македонската Народна банка ги следи ризиците откако српската „АЛТА банка“ остана без дозвола за работа
