Ердоган попрво би ги егзекутирал пучистите отколку да ги храни во затвор
Четири документи кои ја потврдуваат вмешаноста на Фетулах Гулен во обидот за преврат испратила турската влада до официјален Вашингтон, по барањето на властите во САД да го поткрепат со докази барањето за екстрадиција на Гулен. Премиерот Јилдирим во обраќањето пред турското собрание денеска потврди дека веќе е упатено официјалното барање за екстрадиција надополнето со бараните докази. Јилдирим најавува и нови докази доколку тоа биде побарано од САД.
Турскиот претседател Реџеп таип Ердоган, во вчерашното интервју за СНН го најави официјалното барањето за екстадиција и порача дека очекува позитивен одговоро во согласност со договорите кои ги имаат потпишано двете земји и досегашната пракса на соработка. Ердоган во интервјуто потврди дека нема да се противи и ќе стави потпис, доколку политичките партии во собранието се договорат и ја вратат на сила смртната казна.
Во интервјуто за СНН Ердоган откри досега непознати информации. Тој вели дека за време на обидот за државен удар бил на одмор во Мармарис, со сопругата, зетот и внуците. Ердоган тврди дека само десетина минути го делеле од смртта. Пучистите ја откриле неговата локација и застрелале двајца од членовите на неговото лично обезбедување.
Вкупно 85 турски генерали и адмирали се притворени и ги очекува судски процес под обвинение за учество во неуспешниот обид за државен удар во Турција. Меѓу уапсените се и поранешниот командант на Военото воздухопловство, за кого се тврди дека е „водач на бунтот“.
Воени извор откриваат дека најмалку 14 бродови на турската Воена морнарица и понатаму се наоѓаат на отвотрено море и со нив не може да се стапи во конктакт, а турските власти стравуаат дека е можно на нив да се наоѓаат пучисти кои сакаат да побегнат во друга земја.
Покрај тоа, најмалку 42 хеликоптери на турската војска исчезнале пред или за време на неуспешниот обид за преврат во земјата, што создава дополнителна загриженост дека би можело да дојде до нов обид за соборување на Ердоган од власт.
Според последните информации турската разузнавачка служба неколку часа пред обидот за пуч го дознала планот, а токму поради тоа обидот за пуч кој бил планиран да биде реализиран во саботата се случил ножта во петокот.
-

Иван Кузмановски
Сите содржини од овој новинар
