Бизнис
13. November 2022 - 16:31

ЕСМ: Сметките ќе доцнат, но нема да има камати за потрошувачите

Сметките за парно ќе доцнат, но граѓаните да бидат спокојни - камата нема да плаќаат. За корисниците на Топлана Енергетика, кои 4 месеци немаат добиено сметки, веќе се подготвуваат за 8 и 9 месец, а за 10 и 11 дополнително ќе  бидат доставени. И нивните сметки ќе бидат без камата за задоцнето плаќање. Од ЕСМ уверуваат дека снабдувањето со топлинска енергија се одвива без застој, а во моментов гас се користи само од ТЕТО. Топланите Исток и Запад не работат, односно не трошат гас.

Од ЕСМ се уште не поднеле барање за добивање дозвола за да греат на дизел. Иако рокот од Министерството за животна средина за доделување лиценца е 3 месеци, од ЕСМ се надеваат дека би ја добиле за пократок период.

Инаку, од оваа компанија уверуваат дека топланите ќе работат на дизел, само ако запре испораката на гас или цената двојно се зголеми. Од сегашните 1,300 на 2,500 или 3000 евра за илјада кубни метри. Експертите пак сметатаат дека греењето на дизел треба да биде само во исклучителни ситуации, ако се случи хаварија и само во краток временски период, не повеќе од 10 тина дена. Во спротивно, загадувањето на воздухот би било огромно, и би се одразило негативно врз здравјето на луѓето.