ЕСМ тврди утре скопјани ќе се разбудат со топли радијатори
Околу 60 илјади домаќинства од Скопје утре ќе се разбудат со топли радијатори. Официјално стартува грејната сезона, парно ќе има, уверува првиот човек на Регулаторна. Денеска ЕСМ го презеде управувањето со БЕГ, откако РКЕ и ги додели трите лиценци за снабдување, дистрибуција и производство на топлинска енергија. Вечерва директорот на ЕСМ во увид на системот. Ковачевски ја посети топланата Исток, која произведува 70% од топлината за потребите на скопјани. Потоа се упати и во подружницата Енергетика, каде се санираа активности во мрежата долга 80 метри во Автокоманда, општина Гази Баба, пред се за ефикасна испорака на топлинска енергија.
Од Регулаторната комисија овој и наредниот месец не очекуваат проблеми со снабдувањето, бидејќи надворешните температури ќе бидат повисоки. Иако не се знае дали и како ќе работи ТЕ-ТО, Бислимовски се надева дека за брзо време државата ќе најде поевтин гас за да може да ги стави во функција и оваа централа.
Инаку, најмал број корисници се приклучени на топланата Скопје Север, која ги грее жителите на Бутел, Чаир и Топанско. Од оваа топлана побараа джавата да им помогне да ги покријат високите трошоци за енергенси. Ако нема помош најавија дека ќе го сопрат вентилот.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
