Етна повторно исфрла пепел, илјадници туристи блокирани на Сицилија

Илјадници туристи денеска останаа блокирани на италијанскиот остров Сицилија, откако вулканот Етна продолжи да исфрла големи облаци од пепел по ерупцијата што започна минатата недела.
Вулканската активност веќе петти ден по ред предизвикува сериозни прекини и хаос во воздушниот сообраќај, и тоа во самиот шпиц на летната туристичка сезона.
Поради густите облаци од пепел, на аеродромот во Катанија – најголемиот воздухопловен центар на Сицилија – денеска е овозможено слетување и полетување само на ограничен број авиони.
Рано утрово реализиран е само еден лет, додека сите планирани пристигнувања се пренасочени или одложени за вечерните часови.
Според информациите од италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија, најактивниот вулкан во Европа од петокот непрекинато исфрла огромни количества пепел, а густи текови на лава се леат од два кратера сместени на надморска височина од 2.360 и 2.750 метри.
Дополнително, во текот на изминатата ноќ се отворил уште еден, нов кратер на височина од околу 1.900 метри.
Инаку, Етна се издига на повеќе од 3.300 метри надморска височина и поради нејзините чести и интензивни ерупции е под постојан и внимателен надзор на научните и заштитните служби.
МИА
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
