Европската Централна Банка ги зголеми референтните камати, ќе поскапат ли кредитите во Македонија?
Европската Централна банка по трет пат годинава ги зголеми каматите, денеска за нови 75 базични поени. Каматата на депозитите, односно заштедите ќе изнесува 1,5%, на главните операции за рефинансирање – 2 отсто, а на дневните позајмувања на банките на 2,25%.
Сега основната камата, која пред неколку месеци беше нула, по повеќе од 10 години ќе надмине 2%. Одлуката е за да се намали инфлацијата.
Управниот Одбор на ЕЦБ очекува натамашно зголемување на каматните стапки, за да се намали инфлацијата на ниво од 2%, што е среднорочен таргет на банката, изјави Кристин Лагард, претседател на ЕЦБ
Ваквиот раст на каматите ќе ги поскапи кредитите и кај нас, пред се станбените.
Покрај со фиксна камата одреден период тие се вразани со ЕУРИБОР, кој до јули беше нула. Така на пример , за станбен кредит од 50 000 евра, со рок на отплата од 20 години и камата од 3,5% , месечната рата изнесуваше 289 евра. Сите банки, по истекот на 3, 5 или 10 години фиксна камата за отплата имаат варијабилна , зголемена со 6 месечен ЕУРИБОР.
До вчера 6 месечниот изнесуваше 2.103% , а со денешното зголемување за 0,75 ќе достигне 2,85 осто.
Ова значи дека рататат за кредитите од 290 ќе се зголеми на 3685 евра или 78 евра повеќе.
Експертите очекуваат дека трендот на раст на ЕУРИБОР ќе продолжи и во иднина., што значи дополнително поскапување на кредитите.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
