-->
-->
Ф-1: Триумф на Ферстапен пред Хамилтон
-->

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, е победник на трката за Големата награда на Франција. Холанѓанецот победи пред возачите на Мерцедес Луис Хамилтон и Џорџ Расел. Ферстапен ја забележа 27. победа во кариерата. Трагичар е Шарл Леклер, возачот на Ферари додека беше лидер во трката излета од патеката и се заби во безбеносната ограда во 18.круг.
Ферстапен со откажувањето на Леклер направи уште еден чекор кон одбрана на шампионската титула. Мерцедес во Франција имаше одлична трка, најдобра оваа сезона. Луис Хамилтон во Франција ја возеше 300. трка во кариераа.
Хамилтон, во текот на целата трката лесно ја чуваше својата позиција, а Расел на три круга пред крајот успеа да го престигне Серхио Перез, кој на крајот го освои четвртото место.
Бодови на „Пол Рикард“, Карлос Саинц (Ферари), Фернандо Алонсо (Алпин), Ландо Норис (Мекларен), Естебан Окон (Алпин), Даниел Рикардо (Мекларен) и Ленс Строл (Астон Мартин).
Фернандо Алонсо во Франција стана возач со најмногу извозени кругови во историјата (18.622).
Наредната трка ќе се вози во Унгарија наредната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Верските лидери го осудија обидот за палење на синагогата во Скопје
-

Пошта добива 100 нови возила за подобра достава низ земјата
-

Осум ревии и нови модни имиња на „Shtip fashion days“
-

Преглед на вестите од светот
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
