Финални подготовки за пуштање во функција на системот „Безбеден град“

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, одржаа координативен состанок со стручни тимови од областа на сообраќајот посветен на финалните подготовки за официјалното пуштање во работа на системот „Безбеден град“, соопштија од градот.
На состанокот било истакнато дека Градот Скопје ќе има клучна улога во неговата имплементација, со цел унапредување на редот, дисциплината и безбедноста во сообраќајот.
Од Градот информираат дека воведувањето на Сејф Сити претставува значајна промена во управувањето со градскиот сообраќај, со примена на паметни, адаптивни и технолошки напредни решенија кои ќе овозможат регулирање на протокот на возила во реално време, намалување на метежите и подобрување на безбедноста.
Во наредниот период, Советот на Град Скопје треба да усвои низа одлуки поврзани со дистрибуцијата и организацијата на сообраќајот, особено во централното градско подрачје.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп ги спаси европските лидери од носење тешки одлуки, оценуваат бриселските медиуми
-

Ван Дајк: Ливерпул мора да заврши меѓу првите осум во ЛШ
-

Македонија заостанува во однос на е-тровијата со вештачка интелигенција
-

Нови четири услуги од ФЗО отсега достапни на интернет
-

Во текот на денешниот ден се очекува да се повлечат тракторите од граничниот премин Евзони
-

Во Русија веќе постоен лек за лекување хепатитис Б може да се користи и за лекување на ракот
-

Претрес во Штип, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице
-

Од идниот месец во Србија се зголемуваат надоместоците за невработеност
