Финансиската полиција откри даночно затајување од над 1,6 милиони евра

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против сопственик и управител на правно лице, како и против самото правно лице, поради сомнение за даночно затајување и фалсификување или уништување деловни книги.
Како што информираат од Финансиската полиција, пријавата е поднесена поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „Даночно затајување од член 279 и „Фалсификување или уништување деловни книги“ од член 280 од Кривичниот законик.
-Во текот на 2024 година, првопријавениот В.Т., во својство на сопственик и управител на пријавеното правно лице, свесно и со однапред утврдена намера да се стекне со противправна имотна корист, ја присвоил набавената трговска стока, евидентирана како залиха на правното лице, која при извршениот физички попис од страна на пописна комисија формирана од стечајниот управник не била затекната на лице место. Утврдениот кусок на стока, во вкупен износ од 344.122.292 денари, не бил евидентиран во сметководствената евиденција на правното лице, а стоката била неосновано присвоена од страна на првопријавениот, без притоа да бидат пресметани, пријавени и платени даночните обврски по основ на данокот на додадена вредност (ДДВ) во износ од 61.942.013 денари и данокот на личен доход во износ од 38.231.987 денари - се наведува во соопштението од Финансиската полиција.
Со ваквите дејствија, според наводите во пријавата, првопријавениот, преку пријавеното правно лице, избегнал пресметување, пријавување и плаќање на законски утврдените даночни обврски по наведените основи, во вкупен износ од 100.173.999 денари, со што го оштетил државниот Буџет.
МИА
Ново на Сител
-

Продолжува надзорната расправа за Алта банка
-

Премиерот Мицкоски денеска на самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел
-

Прва јавна расправа за новиот кривичен законик
-

Потпишана скопска декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија
-

Документарниот филм „Водениот рај на Европа“ отвара прашања колку знаеме за нашето богатство
-

Со доживотно учење до поголема конкурентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре продолжува Надзорната комисија за Алта Банка
