Фински претседател: За две недели постигнавме повеќе напредок кон мирот во Украина отколку за три и пол години
Во последните две недели е постигнат поголем напредок кон завршување на војната во Украина отколку во последните три и пол години, изјави претседателот на Финска, Александер Стуб, на средбата во Белата куќа со претседателите на САД и Украина, со европски лидери и со генералниот секретар на НАТО.
– Фактот што денеска седиме заедно околу оваа маса има силна симболика и покажува дека сме еден тим – ‘Европа’ и ‘Соединетите Американски Држави’ – кои стојат зад Украина, рече Стуб, чие обраќање беше пренесувано во живо.
Тој посочи дека иако Финска е мала земја, таа има долга граница со Русија и историско искуство од две војни против Советскиот Сојуз во 20 век.
– Пронајдовме решение во 1944 година и сигурен сум дека ќе најдеме решение и во 2025 година за да ја запреме руската воена агресија и да постигнеме траен и праведен мир, нагласи финскиот претседател.
На синоќешната средба во Белата куќа присуствуваа и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, генералниот секретар на НАТО Марк Руте, германскиот канцелар Фридрих Мерц, италијанската премиерка Џорџа Мелони, францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер.
МИА
Ново на Сител
-
Инженери на Македонија со иницијатива до Уставен - дали паушалните сметки за струја се законски?
-
Над 50 работници од штипска конфекција останаа на улица
-
Во штипската касарна „Јане Сандански“ одбележан Денот на македонската армија
-
Преглед на вестите од светот
-
Зеленски и европските лидери кај Трамп
-
АРМ слави 33 години постоење
-
ДИК: Само со два потписи независните ќе учествуваат изборите
-
Преглед на вестите од светот