Француска пациентка со хантавирус e во критична состојба и на апарати за одржување во живот

Французинка, заразена за време на епидемијата на смртоносниот хантавирус на крузер, е во критична состојба и се лекува со апарати за вештачки бели дробови, соопшти синоќа лекар од париската болница во која се лекува заразената патничка.
Бројот на регистрирани случаи веќе достигна 11, од кои 9 се потврдени, пренесе БТА.
Тројца патници на крузерот „Хондиус“ починаа, вклучувајќи ја и холандската двојка за која здравствените власти веруваат дека била првата изложена на вирусот за време на посетата на Јужна Америка.
Француската патничка, хоспитализирана во Париз, страда од тешка форма на болеста која предизвикала животозагрозувачки проблеми со белите дробови и срцето, изјави долтор Ксавие Лекјур, специјалист по инфективни болести во болницата „Биша“. Тој додаде дека жената е на апарат за одржување во живот кој ја испумпува крвта низ вештачки бел дроб, ја снабдува со кислород и ја враќа во телото. Надежта е дека апаратот ќе го олесни притисокот врз белите дробови и срцето доволно за да им даде време да заздрават. Лекјур го нарече ова „последна фаза од лекувањето со одржување во живот“.
Откако евакуацијата на сите патници и многу членови на екипажот заврши, бродот „Хондиус“ се враќа во Холандија, каде што ќе биде исчистен и дезинфициран.Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека потврдени и претпоставени случаи се пријавени само кај патниците или екипажот на крузерот.
- Во моментов нема знаци дека сме сведоци на почеток на помасовна епидемија. Но, се разбира, ситуацијата може да се промени и, со оглед на долгиот инкубациски период на вирусот, можно е да видиме повеќе случаи во следните недели – додаде тој.
МИА
Ново на Сител
-

Научната заедница: Бугарија ќе продолжи со блокадите и по уставните измени
-

Алта Банка утре ги отвора вратите во главната филијала во Битола, но само за исплата
-

Трагедија во Богданци, две лица пронајдени мртви, едното во опожарен автомобил
-

Мнозинството бара надзорна расправа за Алта да се одржи утре
-

Возачите научија каде се камерите на Сејф сити и возат побавно, МВР најави нов начин на санкционирање на „непослушните“
-

МЗ - Нема да има присилни мерки за вакцинација со МРП-вакцината
-

Брисел денеска ќе го оцени напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија
-

Филипче го повика гувернерот Славески да си поднесе оставка
