Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин на Атлантикот, а проценетата улична вредност на таа количина дрога е 41 милион евра, соопшти денеска француската Атлантска поморска префектура.
Во соопштението се наведува дека кокаинот е запленет на 1 февруари на рибарски брод кој доаѓал од Јужна Америка, додека осомничените им се предадени на бразилските правосудни органи, пренесе „Фигаро“.
Се истакнува дека заплената е извршена на барање на Националниот директорат за царински разузнавачки работи и истраги и Канцеларијата на комесарот за борба против наркотици, по разузнавачки податоци кои биле прибрани во соработка со, меѓу другите, британските и американските полициски служби.
Француската морнарица во текот на 2025 година запленила 87,6 тони дрога ширум светот, што е зголемување од 81 отсто во однос на истиот период во 2024 година, вклучувајќи и 58 тони кокаин, што претставува рекордна заплена, наведува весникот.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Камбовски, претседател на Судски совет
-

Алиу со работна група се вклучува во случајот со извоз на мозочно ткиво во САД
-

Судски истражува предмети кои ги работел судијата Ристов
-

За еден ден 58 одземени дозволи
-

Камионџиите можеби ќе бидат изземени од новиот електронски систем за влез и излез од ЕУ
-

По завршување на огласот Владата ја продолжува постапката за избор на државен јавен обвинител
-

ЕУ ја пролонгира примената на EES системот до септември
-

Синдикатот од 10 февруари почнува со протести, на 17-ти ќе ја блокираат Владата
