Македонија
3. February 2026 - 16:43

За еден ден 58 одземени дозволи

Објективот на камерите на  безбеден град вчера уловил 651 прекршок низ скопските улици.

Најголем број од нив се за брзо возење. Камерите детектирале 585 возачи кои поминале со брзина поголема од дозволената, 50 возачи го игнорирале црвеното светло на семафор и 16 нерегистрирани возила. 

651 – Вкупно констатирани прекршоци

585 – Казни за брзо возење

50 - минување на црвено светло 

16 - нерегистрирани возила 

58 Одземени возачки дозволи (Забрани)

За непочитување на сообраќајните правила системот е немилосрден. Како резултат на овие прекршоци изречени се 58 забрани за управување на возило. 

Граѓаните не треба да стравуваат од технички грешки бидејќи за погрешно возило или грешка во идентификација поради лоши временски услови имаат право да пријават во полициска станица. МВР е обврзано во рок од еден ден да изврши проверка и да ги корегира податоците. 

Додека системот безбеден град ветува поголем ред, полициската статистика за месец јануари открива алармантна состојба на патиштата. Вкупно изречени биле 16.000 казни од кои за безобѕирно возење 74 лица биле лишени од слобода од кои најголем дел 64 поради возење под силно дејство на алкохол.