Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин вреден 41 милион евра

Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин на Атлантикот, а проценетата улична вредност на таа количина дрога е 41 милион евра, соопшти денеска француската Атлантска поморска префектура.
Во соопштението се наведува дека кокаинот е запленет на 1 февруари на рибарски брод кој доаѓал од Јужна Америка, додека осомничените им се предадени на бразилските правосудни органи, пренесе „Фигаро“.
Се истакнува дека заплената е извршена на барање на Националниот директорат за царински разузнавачки работи и истраги и Канцеларијата на комесарот за борба против наркотици, по разузнавачки податоци кои биле прибрани во соработка со, меѓу другите, британските и американските полициски служби.
Француската морнарица во текот на 2025 година запленила 87,6 тони дрога ширум светот, што е зголемување од 81 отсто во однос на истиот период во 2024 година, вклучувајќи и 58 тони кокаин, што претставува рекордна заплена, наведува весникот.
Ново на Сител
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

ДУИ против укинувањето на Пржинската влада
-

Нов закон за високо образование - квалитет во студирањето и повеќе мака за стекнување докторска титула
-

Преглед на вестите од светот
-

Новите предлог закони за високо образование и за квалитетот на високото образование
-

Недостигаат современи луксузни хотели
-

За 2025 Општина Прилеп наплатила 60% од данокот на имот и 44% од комунална такса фирмарина
-

Вечерва свечено ќе бидат отворени 25. ЗОИ што ќе одржуваат од 6-22. февруари во Милано и Кортина
