Македонија
6. February 2026 - 12:09
Недостигаат современи луксузни хотели
На охридското крајбрежје му недостигаат современи хотели. Викенд становите креираат масовен туризам и инфраструктурни проблеми, а луксузните хотели носат гости со подлабок џеб.
Хотелиерите велат дека со разновидни понуди и реновирање на своите капацитети можат да одговорат на потребите и барањата на туристите .
Туристичката сезона изминативе години е продолжена но останува прашањето каков туризам сакаме да развиваме елитен или масовен.
Според туристичките работници Охрид со сите културно историски и природни вредности е уникатен во светот и заслужува да биде монденско туристичко место.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
