Гатузо: Против Израел не одигравме во најдобра форма
Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Џенаро Гатузо, ги искажа своите впечатоци по синоќешниот квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2026 против Израел.
Во меч со неколку резултатски пресврти, Италија победи со 5:4. Победничкиот гол го постигна Сандро Тонали во судиското надополнување.
-Малку нè изненадија, но кога поведовме им создадовме многу проблеми со нашите двајца напаѓачи. Не бевме во најдобра форма, тоа се случува кога играте втор натпревар по ред. Примивме премногу голови, треба да се подобриме и да играме како целина. И моја вина е, но победуваме, го цитира Гутузо новинарот Џанлука Ди Марцио.
Италија го доби својот втор натпревар по ред под водство на Гатузо и се искачи на второто место во И-групата со девет освоени бодови. Прва е Норвешка со 12.
МИА
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
34 години независна Македонија