Генерал Замир: Ќе удриме со сила кон Иран откако сериозно го прекрши примирјето, Техеран негира лансирање ракета
Началникот на Генералштабот на израелската војска (ИДФ), генерал-потполковник Ејал Замир, денеска изјави дека Израел ќе „удри со сила“ со оглед на тоа што Иран „тешко го прекрши прекинот на огнот“, објави „Тајмс оф Израел“.
Иран лансираше две балистички ракети кон Израел кратко по објавувањето на прекинот на огнот со Техеран.
Иран денека ги негираше извештаите за лансирање ракета кон Израел по објавувањето на прекинот на огнот, објави иранската државна телевизија ИРИБ.
„Веста за лансирање ракета од Иран кон окупираните територии откако режимот беше принуден да прекине со огнот е неточна“, објави телевизијата на својот Телеграм канал, пренесува Би-Би-Си.
Претходно, израелскиот министер за одбрана Израел Кац им нареди на Израелските одбранбени сили (ИДФ) решително да одговорат на прекршувањата на прекинот на огнот од страна на Иран и нападите врз цели во Техеран.
Две балистички ракети беа испукани од Иран кон Израел откако требаше да стапи на сила прекинот на огнот, а обете беа пресретнати, објави „Тајмс оф Израел“.
Како што претходно беше објавено, Израел потврди дека се согласил со американскиот предлог за билатерално прекин на огнот со Иран, но ќе „силно одговори“ на секое кршење на примирјето, објави кабинетот на премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху.
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утрово објави дека е постигнат договор за прекин на огнот и дека војната меѓу Израел и Иран е завршена, но по тоа двете страни испукаа нови ракети.
Како што претходно беше објавено, израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека им наредил на израелските одбранбени сили „силно да одговорат на прекршувањата на прекинот на огнот од страна на Иран со интензивни напади врз режимски цели во срцето на Техеран“.
Две балистички ракети беа испукани од Иран кон Израел откако требаше да стапи на сила прекинот на огнот.
Порано денеска Израел потврди дека се согласил со американскиот предлог за билатерален прекин на огнот со Иран, но и дека „силно ќе одговори“ на секое прекршување на примирјето, објави кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
Американскиот претседател Доналд Трамп рано утринава објави дека е постигнат договор за прекин на огнот и дека војната меѓу Израел и Иран е завршена, но по тоа двете страни испукаа нови ракети.
Ново на Сител
-
Усвоена информација за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025-2030
-
Мицкоски: Првата препрека ја поминавме, извештајот се очекува на пленарна седница да биде ставен меѓу 7 и 11 јули
-
Заклучоци од седница на Влада
-
Медицински техничар од Србија спаси 4-годишно девојче од Македонија по срцев застој во Неа Врасна
-
Катарскиот премиер се надева дека Израел нема да го искористи примирјето во Иран за да продолжи со бомбардирање на Газа
-
За четири дена на грчките острови Крит и Гавдос пристигнале над 800 мигранти
-
Бројот на жртви во Газа надмина 56.000
-
Запленети мрежи со риба и риболовен алат на Охридското Езеро