Георгиј устоличен за митрополит во Охрид
Со божествена литургија во Соборниот храм „Света Софија“ во Охрид, архимандритот Георгиј денеска беше хиротонисан и устоличен за нов митрополит на Дебарско-Кичевската епархија. На свечениот чин чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, а присуствуваа голем број владици, свештеници, верници и високи државни функционери.
Митрополитот георгиј, поранешен декан на богословскиот факултет и поранешен амбасадор во Ватикан, на верниците им се обрати со завет дека ќе ја извршува својата служба со љубов, ревност и совест, верен на каноните и божјиот суд. Тој ја презема функцијата по упокојувањето на митрополитот Тимотеј.
Архиепископот Стефан истакна дека новиот архиереј е достоен наследник на духовната мисија и светителите од оваа епархија.