Пуштени за сообраќај 20 километри од автопатот Кичево - Охрид
Од денеска се вози по дел од автопатот Кичево – Охрид.. Во сообраќај е пуштена делницата од Врбјани до Ботун.. Долга е 20 километри, се вози по две коловозни ленти, а по целата траса има и лента за принудно запирање.. Според премиерот Христијан Мицкоски, пуштањето во употреба на првите 20 километри од автопатот, се знак на откочување на еден од најголемите инфраструктурни проекти во државата..
Според надлежните, по целата должина од 57 километри од Охрид до Кичево, најдоцна ќе се вози до крајот на идната година.. Моментално, велат, се прават пристапни патишта, а се санираат и опасните косини по трасата на автопатот..
Автопатот кој е сообраќајна врска и со Албанија, според локалните власти, ќе го скрати времето за пристигнување до Охрид и Струга, а ќе ја подобри и безбедноста во сообраќајот...
Градежните работи на автопатот Кичево – Охрид почнаа во 2014 година, а првичните планови беа да биде готов по четири години, но рокот за изградба неколкупати беше пролонгиран.. Делницата важи за еден од најзначајните инфраструктурни проекти во рамки на паневропскиот коридор 8.. Вредноста на автопатот е проценета на скоро 600 милиони евра..
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар