Герасимовски: ДУП-от за Барутана нема да оди на гласање без целосно да се испита теренот
Без да се испита целосно земјиштето спорниот ДУП за Барутана Водно нема да се најде на гласање пред советниците.
Општина Центар ја продолжува процедурата за деталниот план но Герасимовски децидно вели зеленилото и безбедноста се приоритет.
Според нацрт скицата предвидени се 13 парцели за мали објекти а не за масовно домување.
Забелешките од партискиот лидер дека на Водно нема да дозволи да се стави ниту една цигла повеќе, Герасимовски ги толкува како поддршка за заштита на планината но вели тој како градоначалник има должност да ја доврши урбанистичката процедура.
Со новиот план процентот на зеленило на парцелите се дуплира од 20 на 40 отсто. Документот веќе ја поминал првата фаза на филтрирање кај повеќе од 10 надлежни институции.
Една од главните дилеми во јавноста беше и дали Општината ќе троши народни пари за расчистување на шумата и пробивање нова улица на што Герасимовски тврди дека општината нем ада реземе никаква финансиска обврска за таа намена.
Во однос на реакциите од граѓаните и активистите градоначалникот вели дека доаѓаат од луѓе кои воопшто не живеат во делот кај Барутана а токму поради целосна вклученост на жителите општината ќе организира и втора јавна анкета.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
