Герасимовски: Казни за четири градилишта во Центар, нулта толеранција за прекршување на прописите

Четири градилишта во Општина Центар се казнети поради незаконско зафаќање јавни површини со градежен шут и материјал што претставува опасност за движењето на пешаците и одвивањето на сообраќајот.
Во рамки на редовните инспекциски контроли, општинските инспектори изготвија записници и издадоа прекршочни налози за градилишта на улиците „Златко Шнајдер“, „9 Мај“, „Дебарца“ и „Васил Стефановски“.

Паричните санкции за овие прекршоци изнесуваат од 1.300 до 1.800 евра.
Градоначалникот Горан Герасимовски порача дека надзорите продолжуваат со несмален интензитет.
„Редовно ја следиме состојбата на сите активни градилишта во Општина Центар. Нулта толеранција ќе има за сите што ги прекршуваат законите и го нарушуваат јавниот простор“, рече Герасимовски.

Инспекциските контроли на градилиштата продолжуваат како континуирана мерка за одржување на чист и функционален урбан простор.
Ново на Сител
-

Правда: Вонредниот инспекциски надзор е незаконски
-

Сиљановска-Давкова: Одбраната на македонскиот јазик е во рацете на говорителите
-

Муцунски: Многу сме блиску до склучување договор со САД за тарифите
-

Функционерските плати нема да пораснат
-

ВМРО-ДПМНЕ: Платите растат
-

Рибокрадството не мирува
-

Вештачката интелигенција ќе го редифинира пазарот на трудот
-

Почна струмичкиот карневал
