Македонија
29. January 2026 - 19:01

Герасимовски: Паричната помош за новороденче во Центар се зголемува од 7 000 на 10 000 денари

Советниците на Општина Центар на 4. седница едногласно ја прифатија иницијатива на градоначалникот Горан Герасимовски за зголемување на еднократната финансиска  поддршка за новороденче од 7 000 на 10 000 денари, информираат од локалната самоуправа.

Право на поддршката, додаваат, ќе имаат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на Општина Центар. Одлуката овозможува континуирана грижа за домаќинствата со принова.

-Со оваа мерка директно им помагаме на младите семејства и инвестираме во иднината на Центар, посочил Герасимовски.

Со одлуката за зголемување на еднократната финансиска  поддршка за новороденче, како што велат, локалната самоуправа  уште еднаш потврдува дека поддршката за младите семејства и создавањето подобри услови за раст и развој на децата се меѓу врвните приоритети.

МИА