Герасимовски: Започнува јавната анкета за Нацрт ДУП-от „Барутана“, граѓаните директно вклучени во одлучувањетo

Општина Центар започнува јавна анкета по Нацрт-деталниот урбанистички план за Градска четврт Ј 05 – Барутана, продолжувајќи ја практиката на транспарентно урбанистичко планирање и активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки, информираат од локалната самоуправа и нагласуваат дека градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува жителите активно да се вклучат и да достават свои предлози, мислења и забелешки.
- Ниту една одлука не е само моја, ниту само на Општината или Советот. Одлуките треба да ги носиме заедно со граѓаните. Затоа ги повикувам сите жители да се вклучат во јавната анкета, бидејќи секое мислење е важно и секој предлог заслужува внимание. Само преку отворен дијалог можеме да носиме одлуки што ќе бидат во интерес на граѓаните- порачал Герасимовски.
Јавната анкета ќе се спроведува во периодот од 13 август до 14 септември 2026 година.
Граѓаните ќе можат да пополнат анкетни листови во писмена форма, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, во просториите на ООУ „Кочо Рацин“ (ул. „Салвадор Аљенде“ бр. 2), каде што нацрт-планот ќе биде изложен во хартиена форма.
Анкетните листови ќе бидат достапни и во електронска форма преку веб-страницата на Општина Центар www.centar.gov.mk, како и преку информацискиот систем е-урбанизам www.e-urbanizam.mk.
Дополнително, јавната презентација на Нацрт ДУП-от ќе се одржи на 3 септември 2026 година, со почеток во 12:00 часот, во просториите на Општина Центар (ул. „Михаил Цоков“ бр. 1), во сала за состаноци, барака 6.
Нацрт-деталниот урбанистички план се однесува на Градска четврт Ј 05 – Барутана, за планскиот период 2025–2030 година.
Планскиот опфат е дефиниран на север, исток и запад по оска на новопланираната собирна улица „Јужна обиколница“, а на југ по границата на Генералниот урбанистички план на Град Скопје. Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 6,89 хектари.
За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат на телефоните 02/3203-605 и 02/3203-660, или на е-пошта planiranje@centar.gov.mk.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за орбазование и наука
-

Протестите сè поизвесни – превозниците бараат решение за престојот во Шенген
-

Војната на Блискиот Исток и инфлацијата го намалија бројот на туристи во земјава
-

Утре ќе се знае дали гостиварци ќе добијат питка вода
-

Дете од година и пол нападнато и искасано од куче во Шуто Оризари
-

Загрижува тоа што насилството станува се побрутално
-

Августовски испитен рок за матура утре и во петок
-

Ахмети: Јас побарав Груби да се врати и да се соочи со одговорност
