Свет
16. October 2026 - 10:00

Ги погоди сите седум броеви и стана мултимилионер: Германец освои 120 милиони евра на Евроџекпот

Неверојатна добивка од 120 милиони евра е освоена на европската лотарија Евроџекпот, на извлекувањето одржано на 13 октомври. Среќниот тикет е уплатен во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија, соопшти германската лотариска компанија „Вестлото“.

Според информациите објавени во германските медиуми, добитникот е 35-годишен маж од округот Метман, кој со еден тикет успеал да ја освои максималната можна добивка од 120 милиони евра.

Среќникот ги погодил сите пет главни броеви – 11, 17, 20, 22 и 35, како и двата дополнителни броја – 4 и 8.

По неколку последователни извлекувања без главна добивка, џекпотот ја достигнал максималната вредност од 120 милиони евра, која сега завршува во рацете на еден добитник.

Иако се познати неговата возраст и регионот од кој доаѓа, идентитетот на добитникот не е јавно објавен.

Евроџекпот е една од најпопуларните европски лотарии, која се организира во 19 земји. Извлекувањата се одржуваат двапати неделно, во вторник и петок, а максималната главна добивка изнесува 120 милиони евра.

Ново на Сител