Гинисов рекорд: Најскапото шише вода продадено со наддавање за над 52.000 евра

Несекојдневно е да се наиде на шише вода продадено за 52.650 евра. Сепак, овој „еликсир“ за богатите наречен „Аква ди кристало трибуто“ (Acqua di Cristallo Tributo), со помалку од еден литар тежина, на наддавање во ресторан во Мексико Сити го постави Гинисовиот рекорд за најскапа вода во светот.
Ова посебно шише вода е наполнето од три извори на Земјата, т.е. три различни држави – Фиџи, Франција и Исланд. Но, и „секоја капка“, се вели – содржи „по три златни честички“ за да биде поалкална и поздрава од обичната вода.
Стакленото шише со 750 мл вода, прекриено со злато, пак, е дизајнирано според уметничките дела на италијанскиот уметник Амадео Модиљани. Дизајнот е потпишан од Фернандо Алтамирано, кој го осмислил и најскапото шише коњак во светот – „Дудоњон еритаж Анри IV“ (Dudognon Héritage Henri IV).
Средствата собрани од аукцијата беа донирани на Фондацијата „План-3-т“ (Plan3t Foundation A.C.), за борба против глобалното затоплување.
Ново на Сител
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
