-->
-->
Ѓоковиќ го сруши рекордот на Федерер по победи на Австралија опен
-->

Поранешниот светски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, постави нов рекорд по победи на Австралија опен.
Триесет и осумгодишниот Србин (четврти носител) ја постигна својата 103-та победа на Австралија Опен, надминувајќи го рекордот од 102 победи на Швајцарецот Роџер Федерер.
Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето откако неговиот противник, Италијанецот Лоренцо Мусети (петти носител), се откажа поради повреда на бутен мускул при водство со 2:0 во сетови.
Десеткратниот шампион на Грен слемот во Мелбурн, во полуфиналето ќе се соочи со победникот од натпреварот меѓу Јаник Синер (Италија, втор носител) и Бен Шелтон (САД, осми носител).
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

100 жители на Кичево евакуирани во спортска сала откако им беа поплавени домовите
-

Поплавени куќи и објекти во Охрид
-

Снежно невреме и поплави во целиот регион
-

Ординациите на матичните лекари полни со болни од грип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Кичево евакуирани околу 100 граѓани
-

Најмногу заболени од грип во Скопје, Тетово, Куманово, Дебар, а најголема активност на грипот има во Дебар
-

Преглед на вестите од светот
