Ѓорѓиевски: Градскиот парк повторно го враќа својот сјај

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави видео од Градскиот парк со порака дека по силното невреме што пред некокку дена го зафати главниот град, Градскиот парк повторно го враќа својот сјај.
- Повеќе од 100 дрвја беа соборени, пешачките патеки беа затрупани, а значителна штета беше нанесена и на урбаната опрема. Благодарение на брзата реакција и посветената работа на екипите на јавните претпријатија на Град Скопје, првиот дел од паркот е расчистен. Засадени се нови садници, санирана е оштетената урбана опрема, а просторот повторно е достапен за посетителите, пишува Ѓорѓиевски на Фејсбук.
Скопскиот градоначалник посочува дека паралелно се работи и во вториот дел од Градскиот парк каде се отстрануваат последиците од невремето, се санираат штетите, се отстрануваат старите и оштетени дрвја и се засадуваат нови садници.
- Природните непогоди не можеме да ги спречиме, но можеме да покажеме дека со заедништво, организираност и посветена работа брзо и одговорно ќе ги надминеме последиците. Изразувам огромна благодарност до сите вработени и служби кои деноноќно беа на терен, за Градскиот парк повторно да биде чист, безбеден и зелен дом на сите скопјани. Продолжуваме со работа сè додека не биде обновен и последниот оштетен дел од паркот, стои во објавата.
МИА
Ново на Сител
-

Трајанов: Сега е времето да ги бараме досиејата на УДБА
-

Тема на денот со Павле Трајанов, Национален координатор за спречување насилен екстремизам
-

До 15 години затвор за корупција
-

Мицкоски: Имаме најстабилна Влада во овој дел на Европа
-

Полицијата ќе отстранува потенцијални насилници од сопствениот дом на 48 часа
-

Почна расправата за буџетот: Колку ќе собере, а колку ќе потроши државата догодина?
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
